Кривичниот совет ги потврди притворите за четворица пратеници

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги потврди во целост решенијата на судија на претходна постапка, со кои беше прифатен предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор за пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и мерка куќен притвор за Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска.

„Постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка за определување мерка притвор и мерка куќен притвор, а по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое решенијата на судија на претходна постапка со кои беше прифатен предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор за К.М. и Љ.А. како и мерка куќен притвор за Ј.Т и Ж.П. ги потврди во целост", соопштија од Кривичниот суд.

Во однос на жалбата против решението на судија на претходна постапка за Сашо Василевски по донесено решение на советот, од Судот велат дека јавноста ќе биде дополнително информирана. Од судот додаваат дека од странките не е изјавена жалба по однос на решението да му биде определена мерка куќен притвор на пратеникот Љупчо Димовски.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе