Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Неготино

Поранешниот градоначалник на Неготино, Ванчо Апостолов (56), заработи кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување како осомничен за исплата на милионски суми на градежната фирма „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино за изградба на локален пат и за други градежни активности без комплетна документација.

Во истиот случај, како што информира МВР, осомничени се и Ѓ.Т.(34), В.В.(59) и С.В.(35), сите од Неготино, за кривично дело несовесно  работење во службата и употреба на исправа со невистинита содржина, како и Љ.Т.(57) од Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа.

Во декемри 2015 година тогашниот градоначалник на Неготино, во повеќе наврати, на ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино, исплатил 2.991.624 денари за изведени градежни работи на локален пат без комплетна документација за истите. Притоа, надзорот на градежните работи бил извршен и потврден од правното лице кое немало склучено договор со Општина Неготино и не бил потпишан од страна на градежен инжинер.

Исто така, во текот на 2016 првопријавениот склучил повеќе договори за цесија со повеќе правни лица, со цел отстапување на  парични средства во износ од 4.514.623 денари на ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино, без комплетна документација за извршените градежни активности, односно без прилог на градежни дневници и потпис од градежен инжинер. Во наведениот период, второпријавениот, како градежен инжинер во Општина Неготино, и покрај тоа што бил овластен да присуствува во воведувањето на работа на надзорниот инжинер за наведените градежни активност, тој не присуствувал и не ја прегледал и потпишал документацијата од наведеното правно лице за извршените градежни активности.

Третопријавената, како управител ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино и четвртопријавениот, како овластено лице за изведување на наведените градежните активности изготвиле лажна документација за изведените градежни активности и ја употребиле при наплата од Општина Неготино за изведени градежни активности, со што се стекнале со противправна имотна корист од 7.506.247 денари.

Петтопријавениот, како надзорен инжинер и сопственик во ДПИТУ „Хидро градежен инжинеринг“ ДОО Скопје, ги документирал и одобрувал наведените градежни активности на ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино, и покрај тоа што во почетната фаза, наведеното правно лице немало склучено договор за вршење надзор со Општина Неготино. Со ова, пријавените овозможиле ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино да се стекне со противправна имотна корист од  7.506.247 денари, на штета на Буџетот.

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе