СЛУЧАЈ “ТРИСТА”

Кривичен го одби барањето на СЈО за замрзнување на имотот

Кривичниот суд го одби барањето на СЈО со кое се бараше замрзнување на имотот на осомничен помошник на министерот за внатрешни работи во случајот со работен наслов “Триста”. Специјалното јавно обвинителство денеска го добило решението од Основниот суд Скопје 1 со кое им се одбива барањето за замрзнување на имотот во овој случај. 

СЈО бараше забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот, сопственост на осомничен помошник на министерот за внатрешни работи.

Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог до Основниот суд Скопје 1 за замрзнување на недвижен и движен имот на осомничен во случајот „Триста“, откако оштетено лице пријавило имотно-правно побарување. Оштетеното лице во случајот е Министерството за внатрешни работи, а осомничениот е помошник-министер во МВР задолжен за јавната набавка на 300 возила за министерството.

 Случајот „Триста“ беше презентиран од СЈО на прес-конференција на 23 март. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека се работи за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на помошник министер во Министерството за внатрешни работи, во врска со јавна набавка што се однесува за 300 возилa.

„Од доказите произлегува основано сомнение дека осомничениот во временскиот период од 23.06.2008 г. до 03.05.2012 г., во Скопје, како службено лице-Помошник министер во МВР, овластен со решение од министерот за внатрешни работи да ги спроведува постапките за јавни набавки во министерството, со искористување на својата службена положба и овластувања, при вршење на јавни набавки, го оштетил буџетот на РМ за износ 27.894.555 денари или 453.570 евра“, кажа тогаш Фетаи.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе