Костадинов: Заев не е вмешан во случајот „Рекет“, тој го пријави

Последното објавено видео од италијанскиот медиум во ниту еден момент не укажува на било каква вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот Рекет туку сосема спротивното, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Од снимките, како што посочи, јасно е дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран.

„Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата. Сега надлежните институции мора да ја забрзаат истрагата за актуелниот случај „Рекет", да ги лоцираат нарачателите, извршителите и помагателите. Граѓаните заслужија правда и правда мора да има. Секој мора да одговара, од прв до последен, за кого ќе се утврди било каква поврзаност, вклучително и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски", вели Костадинов.

Тој рече дека било какви сценарија за спас на криминалците од затвор нема да успеат и побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да одговори со кои две лица, кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато, дали и што примил на рака како и дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите се сретнал во Будимпешта и што му дал.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе