Приштина

Косовската Влада ја започна седницата со едноминутен молк за загинатите во несреќата кај Ласкарци

Косовската Влада денешната седница ја започна со едноминутен молк за загинатите во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово.

Веста на својот Фејсбук профил ја објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој претходно, синоќа, преку социјалната мрежа изрази жалење за жртвите.

„Потресен од несреќата со жртви на автопатот Скопје-Тетово. Трагедија која погоди многу семејства, со десетици повредени и за жал многу загинати. Искрени сочувства за семејствата кои ги изгубија своите најмили и што поскоро опоравување на повредените“, напиша Харадинај. 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе