Според бугарскиот информативен портал БТВНовините

Корупција во Државната агенција за Бугарите во странство, Македонци го докажувале потеклото за 5.000 евра

Специјалното обвинителство ја истражува бугарската Државна агенција за Бугарите во странство поради сомнеж за корупција. Истрагата сѐ уште не е завршена и сѐ уште нема притворени лица, пренесува бугарскиот информативен портал БТВНовините.

Според информациите на бугарската телевизија БТВ, акцијата започнала утринава помеѓу 6.30 и 7 часот. Инспекторите вршеле претреси и испрашувале сведоци во Софија, Ќустендил и Плевен.

Униформирани полицајци обезбедувале куќа во ќустендилското село Драговиштица. Во неа живее постара жена, а полицијата не и дозволувала да излезе. Според соседите, најверојатно под истрага е нејзината снаа, која била во затвор во Србија. Во центарот на Ќустендил бил извршен претрес во една сметководствена куќа.

Вработените во Државната агенција за Бугари во странство биле претресувани пред влезот во зградата. Специјалното обвинителство по претресот во Агенцијата одземало два компјутери и коверти со документи.

Според неофицијални информации, со лисици на рацете биле приведени шефот на Агенцијата Петар Харалампиев и 29 други вработени.

Харлампиев го презел раководството на Агенцијата за државна безбедност во мај 2017 година. Од декември 2014 до мај 2017 година бил заменик-гувернер на Софија, а пред тоа бил извршен директор и член на Управниот одбор на Фондацијата „Блгари“.

Истрагата започнала по обвинувањата дека се издавале документи со кои се докажува бугарско потекло за 5.000 евра, а такви фалсификувани документи им биле издавани на луѓе од Македонија, Украина и од Молдавија. Со тие документи потоа можеле да извадат бугарски пасош. Дневно биле издавани околу 30 сертификати.

 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе