Координирани активности на ЕК и државите вдолж западно-балканската рута на бегалците

Вчера се реализираше видео-конференција меѓу контакт точките кои беа номинирани согласно заклучоците од минатонеделниот состанок на првиот човек на ЕК, Жан Клод Јункер со лидерите на државите долж Западно-Балканската рута на движење на бегалскиот бран.

Целта на видео-конференцијата, на којашто Македонија ја претставуваше државниот секретар при МВР Анастасија Илиеска, беше да се постапи по договорот, при што претставниците на земјите од регионот дадоа ажурирани податоци за акциите преземени во текот на трите дена кои следеа по состанокот на лидерите, соопштија од Министерстовто за внатрешни работи (МВР).

Грчката влада, велат оттаму, ги презентираше нивните планови за додавање на 50.000 места за прифат на бегалци во Грција, пред крајот на годината, вклучително и за 20.000 места во рамки на семејства за прифат и субвенционирани договори за наемнина во соработка со УНХЦР 

Другите земји исто така ги истакнаа капацитетите за прифаќање кои тие веднаш би можеле да ги воспостават со цел да се достигне бројката од дополнителни 50.000  места за прифат долж Западно-Балканската рута до крајот на годината: Австрија се заложи за 5.000 места; Србија за -3.000; Хрватска исто така 3.000; Словенија се заложи за 2.000 места. До сега, вкупно се дојде до бројот од 12.000 места.

Словенија извести за распоредувањето на 400 полициски службеници во Словенија, досега земјите се обврзаа за вкупно 183 службеници, со 13 кои веќе се распоредени во земјата и 30 кои веќе се на пат.

Фронтекс ја информираше групата, соопштија од МВР, дека се испратени писма до националните контакт точки за Фронтекс во Грција, Бугарија, Унгарија, и Хрватска и до Министрите за внатрешни работи на Хрватска и Грција за да ги следат случувањата во врска со преземените заложби за јакнење на Операцијата Посејдон и за јакнење на поддршката на Фронтекс на бугарско-турската граница, на хрватско-српската граница и за поддршка при регистрацијата во Грција, на нејзините надворешни копнени граници. Во писмата е истакнат начинот на кој Фронтекс предвидува да ја обезбеди таа поддршка, а сега за возврат бара повратни информации и договор од страна на националните власти.

Контакт точките се согласија да ги достават проценките за нивните потреби во најкратко можно време, за да може ЕК да ги компилира информациите за 4. ноември. ЕК ја информираше групата дека вчера таа реализирала видео-конференциски разговор со меѓународните финансиски институции (Европската банка за инвестиции, Развојната банка на Советот на Европа, Меѓународниот монетарен фонд) за да испита на кој начин тие би можеле да помогнат во врска со проширувањето на објектите за прифат долж Западно-Балканската рута. Развојната банка на Советот на Европа беше идентификувана на состанокот како за најпогодна за давање придонес, со оглед на тоа што таа има можност да дејствува и во рамки на ЕУ и надвор од ЕУ, има можност да понуди грантови, а не единствено заеми и веќе има воспоставено фонд за мигранти и бегалци. Комисијата ќе продолжи да работи и со другите институции за среднорочна и долгорочна финансиска поддршка.

Понатаму, информираат од МВР, ЕК почнувајќи од денес а со оглед на итноста на ситуацијата го унапреди својот внатрешен координативен механизам – кој овозможува брз и координиран одговор од страна на Комисијата со забрзани процеси за донесување на одлуки- кој е воспоставен од пред неколку недели, до следната фаза. Тоа значи дека состаноците во кои се вклучени сите релевантни актери ширум Комисијата сега ќе се одржуваат на дневна основа, вклучително и за време на викендите и на државните празници.

Групата, исто така, дискутираше за активностите поврзани со комуникацијата со цел да се осигура дека на барателите на азил им се дадени доволно информации за процесите кои постојат, за објектите кои ним им се достапни, за правилата за регистрација и идентификација и за можностите кои ним им се на располагање согласно шемата за релокација на ЕУ. Јасната намера со овој пристап е да се охрабрат барателите на азил да не патуваат незаконски ширум Европа, ставајќи се себе си во ризик од физички повреди и изложувајќи се себе си на бескрупулозните криминалци кои криумчарат луѓе.

Групата повторно ќе се состанува секоја недела за да одржува видео-конференција и во меѓувреме ќе продолжи со нејзините билатерални контакти за да осигура целосна комуникација, координација и соработка заради решавање на миграциските текови и осигурување на хуман третман на оние кои бараат азил во Европа. Следната видео-конференција ќе се одржи на 4 ноември,сооптија од Министерстовто за внатрешни работи.                                     

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе