ВРЕМЕ

Конечно со дневни температури над 0

Времето денеска ќе биде стабилно, со мала локална облачност и со дневни температури и над нулата во јужните делови од земјата.

Денеска максималните дневни температури во Скопје ќе бидат -2 Целзиусови степени (утринска -18), Куманово -3, Маврово -6 (утринска -16), Прилеп-1, Крушево -4, Претор 2, Охрид 3, Битола -2, Дебар -3, Кавадрци 0, Демир Капија 1, Струмица 0, Гевгелија 5, Дојран 4, Кавадарци 0, Крива Паланка -3, Виница -2, Свети Николе -3, Берово -4 (утринска -20)...

Утре земјата ќе потпадне под влијание нов влажен бран, особено во северозападните делови на земјата. Во ноќните часови кон сабота ќе врне дожд и снег. Минималните температури ќе се движат од -14 до -5 степени, а дневните од 2 до 7 степени.

Во сабота во поголемиот дел од земјата ќе врне дожд, а на повисоките планини ќе се создаде и нова снежна покривка. Дневните температури ќе се движат од 2 до 8 степени (утринските од -4 до 3).

Во недела ќе имаме преодно стабилизирање на временските услови и температури од -1 до 5 степени.  

Од понеделник земјата повторно ќе биде под влијание на влажни воздушни маси со повремени врнежи од снег со слаб интензитет. Дневните температури ќе бидат околу 0 степени. 

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе