ВРЕМЕ

Конечно разладување, облаци, ветер и температури до 29 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и значително посвежо. Претпладне ќе има слаб локален дожд. УВ индексот ќе има вредност 7.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 19 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има слаб локален дожд.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 27, Маврово 19, Охрид 24, Битола 25, Кавадарци 28, Дојран 29, Берово и Крива Паланка 22...

Утре времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината. Дневните температури ќе се движат од 26 до 33 степени, а УВ индексот се враќа на вредноста 9.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во интервал од 28 до 35 степени, прогнозира УХМР.. 

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе