Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Кому му пречат планинарските патеки?

Пред неполн месец, Комисијата за теренска проверка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, изврши теренска проверка на следниве пешачки патеки – Караџица - Салакови езера – Солунска Глава. Истите пред околу еден месец од страна на избраниот договарач од Агенцијата беа расчистени, уредени, обележани и маркирани и на истите беа поставени столбови со патокази и инфо табли, а беше извршено и мапирање со ГПС уред сè со цел домашните и странските туристи, но и планинарите да имаат полесен пристап кон истите, како и поттикнување на активниот туризам за сите граѓани на нашата земја.

Комисијата по извршената теренска проверка констатираше дека мапата на почетната инфо табла е отстранета од страна на несовесни граѓани, како и дополнителни патокази. Бележењето на патеките несомено е од општа корист на сите, не само на туристите, туку и на сите граѓани на Македонија. Токму затоа се поставува прашањето – Кому му пречат мапите и патоказите? Зошто нешто кое користи на сите, да биде уништено за неполн месец од страна на несовесни граѓани?

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот продолжува континуирано и искрено да се залага и допринесува кон олеснување и подобрување на планинарките и пешачки патеки, промовирајќи го активниот туризам во соработка со сите заинтересирани страни, правејќи ја Македонија омилена дестинација како на домашните, така и на странските туристи. Токму затоа праќаме апел до сите граѓани, планинарски друштва и туристички работници кои ги користат овие патеки, совесно да се однесуваат кон околината, а оние кои ќе забележат дека некој причинува штета на истите, која воедно е причинување штета на сите вљубеници на планинарски спортови, веднаш да поднесат пријава до надлежните органи. „Сакајќи ја околината, се сакаме себе си!“ 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе