Пресуда за „Диво Насеље“

Детали за обвинетите и казните што им ги изрече судот за тероризам и терористичка организација (ФОТО)

На обвинетите за тероризам и терористичка организација првостепениот суд им изрече посебни затворски казни за двете кривични дела, по што, согласно со Законот за кривична постапка, судот им утврди единствени казни затвор. Пресудите што на обвинетите им ги изрече судот се неправосилни и странките имаат право на жалба во рок од 15 дена откако одлуката ќе им биде доставена во писмена форма. Основиот суд Скопје 1 има рок од 60 дена да ја подготви во писмена форма првостепената одлука за случајот „Диво Насеље“.

 

Одлуката на Основниот суд Скопје 1 за секој обвинет поединечно е следна:

Сами Укшини (50) од Ѓаковица, Косово за кривичното дело терористичка организација доби затворска казна од 10, а за тероризам судот му изрече затворска казна од 40 години. Единствената затворска казна за овој обвинет е 40 години, а во тоа не му се смета и времето поминато во притвор од 9 мај 2015 до правосилност на пресудата. Судот на Укшини му изрече и казна протерување странец засекогаш. Укшини завршил средно образование, работел во приватна фирма, женет е и има едно малолетно дете. 

Анди Красниќи (47) викан Малишева од Приштина, доби 17 и пол години затвор за терористичка организација и доживотна казна затвор за тероризам. Судот му изрече единствена  казна доживотен затвор, како и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Македонија. Красниќи завршил средно образование, невработен е и е татко на шест деца. 

Деме Шеху (37) од село Јуник, Косово судот го осуди на десет години затвор за терористичка организација и на доживотна затворска казна за тероризам. Судот му изрече единствена казна доживотен затвор и казна протерување странец засекогаш од границите на Република Македонија. Шеху има завршено факултет за психологија, женет е и е татко на две малолетни деца. 

Ќенан Исени (52) од село Отља, Куманово е осуден на десет години затвор за терористичка организација и на затвор од 15 години за тероризам. Судот, согласно законот му изрече единствена казна затвор во траење од 20 години. Завршил средно образование, работел на регулација на водите во општината и е татко на две полнолетни деца. 

Фадил Фејзулаху (46) од Куманово е осуден на затвор од 10 години за терористичка организација и на доживотен затвор за тероризам. Судот му изрече единствена казна доживотен затвор. Невработен е, со завршено средно образование и е татко на четири деца. 

Ирфан Љутвиу (36) од Куманово судот го осуди на затвор од 5 години за терористичка организација и 10 години затвор за тероризам. Судот му изрече единствена казна затвор во траење од 14 години. Има завршено средно образование, работел како бербер, татко е на две малолетни деца и живее на улицата на која се случи терористичкиот напад во Куманово.  

Фадил Елшани (42) од Сува Река , Косово е осуден на затвор од 10 години за терористичка организација и 15 години затвор за тероризам. Судот му изрече единствена казна затвор во траење од 20 години. Елшани доби и казна протерување странец засекогаш од Република Македонија. Има завршено средно образовние, невработен, женет и е татко на четири малолетни деца.

Есад Кафеџоли (32) од Малишева, Косово е осуден на затворска казна од 10 години за терористичка организација и на казна од 40 години затвор за тероризам. Судот му изрече единствена казна затвор во траење од 40 години и го казни со протерување засекогаш од територијата на Република Македонија. Има завршено високо образование, невработен е, неженет и нема деца. 

Адријан Бујари (42) од Сува Река, Косово доби затворска казна од 10 години за терористичка организација и 40 години затвор за тероризам. Единствената казна која судот му ја изрече за двете кривични дела е 40 години затвор и протерување странец засекогаш. Завршил средно образование, работел во рпиватна фирма, женет е и има две малолетни деца.

Шефќет Калачи (36) од Призрен, Косово е осуден на затвор од 10 години за терористичка организација и на затвор од 40 години за тероризам. Од судот доби единствена казна затвор од 40 години и протерување засекогаш од Македонија. Завршил основно образование, невработен, женет и е татко на три деца.

Лирим Демири (25) од Липково, Куманово е осуден на затвор од 10 години за терористичка организација и 13 години затвор за тероризам. Судот му изрече единствена казна затвор од 20 години. Завршил основно образование, не е женет и нема деца. 

Хајруш Авдија (43) од Косово доби затвор од 10 години за терористичка организација и 13 години за тероризам. Единствената казна затвор која судот му ја изрече е 2о години затвор и е протеран од Република Македонија засекогаш. Работел како автомеханичар и во Германија добил и диплома за градежништво. Женет е и има три деца.

Беким Кабаши (25) од Призрен е осуден на затвор од десет години за терористичка организација и на затвор од 40 години за тероризам. Судот го осуди на единствена казна затвор од 40 години, а го казни и со протерување засекогаш од Република Македонија. Завршил средно економско образование, невработен, не е женет и нема деца. 

Генци Сефа (44) од село Лушње, Албанија е осуден на затворска казна од 10 години за терористичка организација и на 40 години затвор за тероризам. Судот му определи единствена затворска казна во траење од 40 години и го казни со протерување странец засекогаш. Завршил Воена академија во Тирана и Правен факултет, отсек криминалистика во Приштина. Женет е и има едно малолетно дете. 

Лендрит Рустемај (25) од Ѓаковица, Косово осуден е на затвор од 10 години за терористичка организација и 13 години затвор за тероризам. Судот му изрече единствена казна затвор во трење од 20 години и го протера засекогаш од територија на Република Македонија. 

Енвер Хоџа Клајн (46) роден во Крефелт, Германија, а по потекло од Косово, осуден е на затвор од 10 години затвор за терористичка организација и 40 години затвор за тероризам. Единствената казна затвор за него е 40 години и е протеран засекогаш од Македонија. Клајн по професија е новинар, а во Германија работел и како преведувач во полицијата за странци. Женет е и има две деца. 

Руфки Догани од Скопје осуден е на затвор од 10 години за терористичка организација и на 40 години затвор за тероризам. Единствената казна која судот му ја изрече е 40 години затвор и протерување од Македонија. Завршил основно образование, работел во приватна фирма, женет е и има три деца. 

Насуф Бекири (29) од село Брест е осуден на затвор од 10 години за терористичка организација и доживотен затвор за тероризам. Единствената казна која судот му ја изрече е доживотен затвор и протерување од Република Македонија.

Мирсад Керими (31) од Сува Река, Косово осуден е на затвор од 10 години за терористичка организација и 13 години за тероризам. Судот му изрече единствена казна затвор од 20 години како и доживотно протерување од Македонија. Завршил факултет за компјутери и информатика и не е женет. 

Валдет Зекај (39) од Пеќ, Косово осуден е на 10 години затвор за терористичка организација и доживотен затвор за тероризам. Единствената казна затвор за него е доживотен затвор и протерување од Мекедонија. Работел како фотограф, женет е и имал седум деца. 

Бајрам Елшани (41) од Сува Река, Косово осуден е на затвор од 10 години за терористичка организација и доживотен затвор за тероризам. Единствената казна за него е доживотен затвор и протерување од Македонија. Има завршено основно образование, не е женет и нема деца. 

Неџбедин Лика од Тетово е осуден на 10 години затвор за терористичка организација и 40 години затвор за тероризам. Осуден е на единствена казна од 40 години затвор и протерување од Македонија. Завршил факултет за физичка култура, не е вработен, женет е и има две деца. 

Лирим Красниќи (28) од Урошевац осуден е на затвор од 10 години за терористичка организација и на затвор од 40 години за тероризам. Единствената казна за него е 40 години затвор и протерување од Македонија. Завршил средно образование, работи како багерист, женет е и има едно малолетно дете. 

Севдаил Мифтари (32) од кумановско Черкези со привремен престој во Косово, осуден е на затвор од 10 години за терористичка организација и  40 години затвор за тероризам. Единствената казна му е 40 години затвор и протерување од Македонија. Невработен е, со завршено основно образование, женет е и има шест деца. 

Фатмир Речица (31) од Липљанин, Косово а затвор од 10 години за терористичка организација и 40 години затвор за тероризам. Единствената казна за него е 40 години затвор и протерување од Македонија. Студирал на Правен факултет, оженет е и има три деца. 

Бек Бајра (38) од Гњилане, Косово осуден на 10 години затвор за терористичка организација и на доживотен затвор за тероризам. Единствената казна му е доживотен затвор и протерување од Македонија. Студирал на Факултет за физичка култура, не е женет и нема деца. 

Фејзула Рушитовски (27) од село Брест осуден е на затвор од 10 години за терористичка организација и доживотен затвор за тероризам. Единствената казна му е доживотен затвор/ Завршил основно образование, не е вработен, неженет и има две деца. 

Арсим Бајрами (34) од Ваксинце, Куманово  осуден е на затвор од 4 години за терористичка оргазницазија и на затвор од 10 години за тероризам. Единствената казна му е 13 години затвор. Вработен бил во МВР, женет е и има две малолетни деца.

Мусадик Пајазити осуден е на затвор од 4 години за терористичка организација и на затвор од 10 години за тероризам. Единствената казна за него е 12 години затвор. 

Рагми Љатифи е осуден на затвор од 10 години за терористичка организација и затвор од десет години за тероризам. Единствената казна затвор е 18 години затвор. 

Сеадудин Абдулаи доби 5 години затвор за терористичка организација и 10 години за тероризам. Единствената казна за него е 14 години затвор. 

Едгам Арифи е осуден на затвор од 4 години за терористичка организација и затвор од 10 години за тероризам. Единствената казна за него е 13 години затвор. 

Ебип Алији доби затвор од 4 години за терористичка организација и 10 години за тероризам. Единствената пресуда е 12 години затвор. 

Поради недоволно докази од обвинение судот ги ослободи :

Бесник Ајдини и Фазли Османи што се во притвор и Бесник Бајрами и Ибрахим Муртезани, кои се во куќен притвор. 

К.Д. 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе