По гласањето во македонскиот парламент

Коѕијас: Јас сум најсреќниот министер во оставка

Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради вчерашниот позитивен резултат од гласањето во македонското Собрание.

И покрај оставката и заминувањето на Никос Коѕијас од позицијата шеф на грчката дипломатија, и тој и Ципрас рекоа дека се среќни, иако тоа е оксиморон, како што истакнаа и двајцата.

Во присуство на дипломати, на замениците министри за надворешни работи и во присуство на голем број странски и грчки новинарски екипи, во грчкото МНР на свеченоста за примопредавање на функцијата министер за надворешни работи, Алексис Ципрас и официјално го наследи Никос Коѕијас на позицијата шеф на грчката дипломатија.

И двајцата во нивните опширни обраќања се задржаа на грчката надворешна политика, но и на прашањето за името и Договорот од Преспа.

„Јас сум најсреќниот министер во оставка“, им рече Коѕијас на новинарските екипи, пристигнувајќи во грчкото МНР кусо пред средбата со Ципрас.

Грчкиот премиер пак, во објектот на Министерството за надворешни работи на Грција пристигна од претседателската палата каде што положи граѓанска свечена заклетва пред претседателот на државата, Прокопис Павлопулос.

МИА

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе