Брисел

Коцијанчич: Некои работи се надлежност на земјите членки

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич уште еднаш повтори дека не може да коментира судски процедури кои се во тек и дека некои работи не се во надлежност на ЕУ.

„Реагиравме, рековме дека се разбира свесни сме за ситуацијата со господинот Груевски, не коментираме судски процедури во тек, владеењето на правото треба да се почитува и во земјите членки и во земјите кандидатки, судските процедури не смеат да се политизираат“, изјави Коцијанчич.

Таа не сакаше да го коментира фактот дека Унгарија како земја членка на ЕУ му обезбедила превоз на Никола Груевски до Унгарија, како што открија албанските и црногорските полициски власти.

„Треба да разберете дека ЕУ може да каже и направи некои работи, но некои се надлежност на земјите членки, но очекувањата на ЕУ се многу јасни. Очекуваме сите страни да се однесуваат стриктно во согласност со релевантните правила“, изјави Коцијанчич.

МИА

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе