Откако „Алфите“ го спроведоа на издржување на казната

Кочан доби цимер во затворот во Идризово, состојбата му е стабилна

Осудениот бизнисмен Сеад Кочан кој вечерта на 1 август со полициска придружба беше спроведен во затворот во Идризово, е сместен во ќелија на првиот кат во затворот во Идризово. По неколку дена во Приемното одделение, вчера осудениот Кочан доби ќелија во која друштво му прави само еден цимер. Директорот на затворот, Боби Мојсовски за МКД.мк вели дека здравствената состојба на осудениот Кочан е стабилна и дека ја прима терапијата која му е дадена од лекар. 

„Веднаш откако овој осуденик беше донесен во затвор повикавме лекар кој го прегледа и утврди дека тој е во добра здравствена состојба. Се прават редовни прегледи, тој ја прима терапијата која му ја препишал лекарот и за него важат истите правила како и за останатите осудени лица овде во затворот. За мене сите осуденици се исти и со сите постапуваме онака како што предвидел законот“, ни изјави директорот Мојсовски. 

Осудениот бизнисмен Кочан неколку пати бараше одложување на издржувањето на затворската казна поради здравствени причини, но судот му ги одби овие барања. 

Пред неколку дена тој со полициска придружба беше спроведен во затворот во Идризово каде почна да ја издржува затворската казна од 4 години и 8 месеци која Основниот кривичен суд му ја определи за случајот „Труст“. 

К.Д.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе