Бараат Министерството за труд и социјална политика и Владата веднаш да свикаат владина седница и да донесат одлука за пренамена на буџетски сретства. Потенцираат дека средствата кои се издвојуваат за финансирање на седумте инвалидски организации во земјава а на годишно ниво изнесуваат 180 милиони денари да се пренаменат и да се додадат во буџетот за посебниот детски додаток и додатокот за попреченост.
„Ако може сите невладини да се бориме без буџет со душа и срце можат и тие инвалидски организации кои ги нема никаде. Коалицијата Менуваме како партнер од невладиниот сектор упорно чекаше решение за проблемот, но, се уште го нема и се одлучи на ваков начин да допринесе за брзо и ефикасно решение“, се вели во соопштението од Коалицијата „Менуваме“.