Основно јавно обвинителство Скопје

Клучен сведок кој бил присутен на тепањето на Никола денес ќе дава исказ во Обвинителство

Клучен сведок, кој бил присутен во моментот кога бил нападнат Никола Саздовски (21) кој вчера почина на КАРИЛ се очекува денес да даде исказ во Основното јавно обвинителство-Скопје.  Од Обвинителство велат дека по тој исказ, но и по резултатите што ќе ги добијат од обдукцијата, најверојатно ќе отворат истрага со поинаква правна квалификација на кривичното дело.

Саздовски беше крвнички беше претепан на 29 јуни во скопската населба Автокоманда. По десетина дена поминати во кома на КАРИЛ, вчера рано наутро им подлегна на повредите.

Тројцата тепачи на Никола биле членови на навивачката група „Шверцери“, како што вчера информираше МКД.мк. Пред нападот, тројцата „шверцери“ и Никола, кој бил член на навивачката група „Комити“, имале неколку расправии на Фејсбук, се претпоставува на национална основа.  

Веднаш по крвавиот напад МВР уапси двајца од тројцата тепачи и против нив поднесе кривична пријава за насилство. Како што информираат од МВР, третиот насилник уште не е уапсен. 

Граѓаните, револтирани од убиството на Никола, преку социјалните мрежи вечер се организираат на мирен протест.

„Без политика, без говори и музика. Молк и почит за Никола Саздовски. Во 20 часот вторник пред Собранието“, е слоганот на најавениот протест. 

Од МВР потврдуваат дека протестот е најавен за денес во 20 часот пред Собранието на Република Македонија. 

 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе