Месечен извештај на Хелсиншки комитет

Келнер не им дозволил на Роми да влезат во кафуле во Прилеп, утврдена е дискриминација

Комисијата за заштита од дискриминација утврдила директна дискриминација во пристап до добра и услуги сторена врз две лица од ромска етничка припадност од страна на Арт Кафе Апореа од Прилеп, врз основа на боја на кожа и етничка припадност. Ова е прво мислење на Комисијата за заштита од дискриминација кое е донесено врз основа на спроведено тестирање на ситуација од страна на Хелсиншкиот комитет.

Тестирањето на ситуација претставува метод кој се користи во случаи на дискриминација во кои недостасуваат факти и докази и која е тешко да се докаже. Тестирањето на ситуација вклучува употреба на организирани актери или апликанти за да се истражи појавата на дискриминација во различни предмети, процеси и области по различни основи. 

Овој метод се користи и за спроведување на истражувања чии резултати понатаму се користат за застапување или лобирање за промена на дискриминаторски практики или пак промена на законодавството, за зголемување на свесноста во јавноста околу постоење на определена дискриминаторска практика, како и за набљудување и документирање на состојбата со дискриминацијата воопшто.

Во конкретниот случај бил тестираше пристапот до добра и услуги како важен сегмент во социјалниот живот на лицата од сите етнички заедници.

„Ограничувањето на пристапот на Ромите до добра и услуги претставува повреда на правото на еднаквост на Ромите во споредба со останатите етнички заедници. На овој начин продолжува стигматизацијата и сегрегацијата на Ромите и отвора можност за постоење на дискриминаторска практика, доколку ваквиот третман е единствено насочен кон припадници на ромската заедница.
Со цел да се утврди ваква дискриминаторска практика, беше спроведено тестирање на ситуација во Арт Кафе Апореа Прилеп, преку кое се тестираше пристапот и квалитетот на услуга во кафе барот на Ромите, со поставување на компаратори - контролни тестери – односно лица кои не се Роми“, се вели во извештајот на Хелсиншкиот комитет. 

„Спроведеното тестирање на ситуација покажа дека на тестерите од ромска етничка припадност им бил оневозможен пристапот во кафе барот. Имено, кога тестерите пристигнале пред кафе барот и согласно сценариото за тестирање се обиделе да влезат во објектот и да нарачаат пијалак, пред вратата на кафе барот биле пречекани од келнер кој не ги пуштил да влезат со образложение дека нема место. По прашањето на тестерите зошто не може да влезат во кафе барот и укажувањето дека има слободни маси на терасата на кафе барот, келнерот им рекол дека сите маси се резервирани и им повторил дека не можат да влезат. Од друга страна, контролните тестери, лица од македонска етничка припадност, изјавија дека оствариле пристап во кафе барот, односно на влезот на кафе барот биле пречекани од келнер кој ги прашал каде сакаат да седнат, ги придружувал до посакуваната маса и веднаш после нарачувањето ја донел нивната нарачка. Контролните тестери изјавија дека келнерот се однесувал љубезно и културно", се вели во месечниот Извештај на Хелсиншкиот комитет.

Ваквото ограничување на пристапот на лицата од ромска етничка припадност од страна на Арт Кафе Апореа Прилеп врз основа на нивната етничка припадност и боја на кожа претставува директна дискриминација во пристап до добра и услуги. 

Хелсиншкиот комитет го поздравува ваквото мислење на Комисијата за заштита од дискриминација, донесено во законски предвидениот рок, а врз основа на спроведено тестирање на ситуација, како метод за докажување на дискриминација.

Од таму додаваат дека апелираат до Арт Кафе Апореа Прилеп во иднина да им овозможи непречен и еднаков пристап и квалитет на услуга на лицата од ромска етничка припадност.

Дополнително, Хелсиншкиот комитет ги повикуваме сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирани по која било основа, истото да го пријават кај нив.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе