Македонија во Брисел ќе бара „стратегиско размислување“

Катимерини пишува дека на масата има уште едно име

На преговарачката маса за Македонија има уште едно име покрај веќе познатите предлози на медијаторот Метју Нимиц. „Новиот предлог бил поврзан со Крушево и со словенското наследство на соседната земја“, пишува на интернет-страницата на грчкиот весник Катимерини, кој се повикува на доброинформирани извори.

Во написот се објаснуваат местоположбата и историското значење на Крушево и тоа дека овој предлог ја прекинува врската со „антиката“ наметната од „осудениот поранешен премиер Никола Груевски“.

Под наслов „Уште едно име на масата“, Катимерини пишува дека по пропаднатиот обид да се договорат за предлогот „Илинденска Македонија“, Атина и Скопје продолжуваат да бараат едно име за севкупна употреба и трајно решение на повеќегодишниот спор.

Катимерини пишува дека двете страни се во дипломатски спринт, кој се очекува да биде засилен во пресрет на Самитот на ЕУ на 28 јуни.

Весникот пишува дека меѓународните контакти на преговарачите продолжуваат во следните денови. Коѕијас утре е во Брисел, на средби со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика. Шефот на грчката дипломатија веднаш потоа оди во Берлин, на средби со својот германски колега Хаико Маас, а ќе биде примен и од германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер. И двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас имаат добри односи и нивните соработници се во постојан контакт, потсетува весникот.

Од утре во Брисел и Димитров ќе има средби на високо ниво.

Утрешниот појадок на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со неговите колеги од Европската Унија ќе биде прилика за македонската страна да побара од ЕУ „стратегиски“ да размислува кога станува збор за стартот на преговорите со Македонија, велат дипломатски извори во Брисел.

Неформалниот појадок, организиран од страна на Бугарија и Австрија (сегашното и следното претседателство на ЕУ) ќе се одржи утре во хотел блиску до европските институции, еден час пред почетокот на редовниот совет на ЕУ за надворешни работи, дознава МИА.

Димитров ќе ги информира европските министри за текот на реформите во земјата и ќе бара од нив да го „препознаат историскиот момент за Македонија и регионот“, брифираат доброупатени дипломатски извори во Брисел. Од ЕУ Македонија очекува „стратегиско размислување“, што значи дека доколку постигне компромис за спорот со името, на земјата треба да ѝ се даде „ветер во грб“ и охрабрување на јунскиот самит, во облик на јасен сигнал за почеток на преговорите.

Македонија и нејзините поддржувачи во ЕУ се решени да ги убедат скептичните земји дека доколку се постигне комппромис за спорот со името, Македонија мора да добие нешто конкретно за возврат, било веќе прецизен датум за преговори на јунскиот самит, било друга заложба, но со јасна временска рамка за почетокот на преговорите.

Аргументацијата на македонската страна и нејзините поддржувачи е дека е важно да се има предвид политичката криза од која излезе Македонија, како и начинот на кој ги затвора децениските проблеми со соседите, и дека тоа треба да биде наградено, не само поради Македонија, туку и како знак кон целиот регион на Западниот Балкан, велат изворите на МИА.

Овие пораки ќе им бидат пред сѐ упатени на земјите што се скептични кон проширувањето како што се Франција и Холандија.

За Македонија е од голема важност да добие временска рамка за почетокот на преговорите во текот на оваа година, бидејќи следната година е изборна во Европската Унија и политичките процеси ќе бидат во застој.

Димитров, кој по Њујорк веднаш отпатува за Брисел, попладнево имаше средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе

Настрана од прашањето околу името, зачленувањето во НАТО ќе има реперкусии по нашиот животен стандард, реперкусии кои не смееме да ги занемариме, реперкусии поради кои ниту под уставното име не треба да прифатиме зачленување во НАТО.

повеќе