По оставката и бурните случувања за „Рекет“

Катица Јанева во 13.00 ќе се обрати пред јавноста

Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, денеска во 13.00 во просториите на СЈО ќе даде изјава и ќе треба да каже дали е вмешана во случајот „Рекет", каде осомничени се Боки 13 и Зоки Кичеец.

Таа од минатиот вторник беше на боледување, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата. Од тогаш не беше достапна за јавноста.

Јанева се поврзува со случајот „Рекет" поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење.

Јавното обвинителство соопшти дека вчера бил пронајден и одземен и вториот нејзин телефон за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице кое изјавило дека му бил даден на подарок.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе