СПЕЦИЈАЛНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Катица Јанева и тимот ги примија и постапуваат по одлуките за поништување на помилувањата

По донесување на Одлуките за поништување на Одлуките за помилување, донесени од страна на Претседателот на Република Македонија, Ве известуваме дека истите се примени во ова Јавно обвинителство и по истите се постапува, соопштуваат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). 

Во делот на одлуките кои се однесуваат на постапки кои се наоѓаат пред судовите, од СЈО известуват дека до Апелациониот суд Скопје доставиле писмен предлог да се укине Решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје и кривичната постапка по предметот во јавноста познат како „Пуч“ да продолжи.

По однос на истражните и предистражните постапки, потенцираат дека тие продолжуваат, при што, зависно од фазата во која се наоѓа конкретниот кривичен предмет, ќе бидат преземени соодветни истражни и други дејствија спрема сите лица за кои постои основано сомнение или основи на сомнение за сторено кривично дело.

Во врска со предметот во јавноста познат како ’Титаник’ Ве известуваме дека истражната постапка продолжува против сите осомничени лица. За предметот ’Тортура’, Ве известуваме дека поднесени се предлози за определување мерка за претпазливост против 6 (шест) лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од чл. 142 ст 1 вв чл. 22 од Кривичниот законик. За  предметот „Тврдина“ Ве известуваме дека е поднесен предлог за определување мерка притвор против 1 (едно) лице како и предлог за определување на мерки за претпазливост против 4 (четири) лица, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 и 361 од Кривичниот законик“, соопштуваат од СЈО.

Во однос на „Транспортер“ велат дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 1 лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 ст 5 вв ст. 1, а вв. ст. 22 и 45 од Кривичниот законик, а поднесен е и предлог за определување на мерка притвор против истото лице.

„По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање, Ве известуваме дека до Основен суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука сеуште не се доставени предлози за остварување на имотно правно барање, иако тоа од наша страна беше побарано. Во врска со предметот ТНТ“ донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против 3 (три) лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од чл. 353 од Кривичниот законик, а поднесени се и предлози за определување мерка за претпазливост против истите 3 (три) лица“, велат од СЈО.

Во делот на видовите на мерки кои се предложени од ова Јавно обвинителство, до Основниот суд Скопје се поднесени соодветни предлози за определување на мерки, кои за секој конкретен случај се различни.

Во поглед на прашањата за листата на експерти кои се ангажирани во ова Јавно обвинителство, како што беше истакнато на последната прес-конференцијата, нагласуваат дека листата на експерти и останатите податоци во врска со нив ќе биде објавена во вториот шестмесечен извештај за работата на ова Јавно обвинителство. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе