Владина делегација во Франкфурт

Кардиохирурзи од Германија ќе оперираат во Македонија

Владината делегација составена од министрите за здравство, за финансии и за економија, Венко Филипче, Драган Тевдовски и Крешник Бектеши, а предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска се сретна со тим доктори и професори од Универзитетската клиника Јохан Волфганг Гете во Франкфурт.

Можностите за продлабочување на соработката, особено во областа на кардиохирургијата и кардиологијата беа теми на денешната средба на македонската владина делегација со професори и доктори од Универзитетската клиника во Франкфурт.

Потенцирајќи дека голем дел од пациентите од Република Македонија за посложени интервенции се уште се препраќаат на лекување во странство, министерот Филипче истакна дека на тој начин и пациентите непотребно се измачуваат, а од друга страна докторите не учат нови и модерни кардиохируршки техники.

„Со официјализирање на соработката со Универзитетската клиника Јохан Волфганг Гете, за пациентите ќе им овозможиме неопходните кардиохируршки интервенции да ги добиваат на клиниката за кардиохирургија во Скопје. Процедурите ќе ги изведуваат нашите доктори заедно со кардиохирурзите од Универзитетската клиника во Франкфурт. На тој начин специјалистите - кардиохирурзи ќе се дообучуваат и во Македонија ќе добиеме врвни експерти од оваа област“, рече министерот за здравство.

На средбата се разгледувала и можноста, доктори од здравствените установи во Македонија повремено да одат на краткорочни и долгорочни доедукации на клиниката во Франкфурт.

Професорот Томас Валтер, директор на одделот за кардиохирургија во болницата во Франкфурт, кој 25 години работи како кардиохирург, истакна дека е значајна соработката меѓу докторите од различни земји.

„Тоа е одлична можност да се разменат искуства и идеи во одредена област. Придобивката е најголема за пациентите. Мора да работиме заедно, а не самостојно. Секоја интервенција бара тим од лекари. А тимот може да биде составен од лекари од нашата клиника и вашата клиника за кардиохирургија во Скопје“, додаде професорот Валтер.

На средбата, докторите на министрите им презентираа и дел од современите интервенции, кои се изведуваат на Универзитетската клиника во Франкфурт.

Првата кардиохируршка интервенција воопшто е направена токму на Универзитетската клиника Јохан Волфганг Гете. Ја извел д-р Лудвиг Рен во 1896 година. Клиниката при Универзитетот Јохан Волфганг Гете во Франкфурт, Германија се состои од 32 специјализирани клиники од неколку области: анестезиологија и интензивна нега, кардиохирургија и кардиологија, офталмологија. Научно истражувачката дејност ја спроведуваат 20 институти. Универзитетската клиника во Франкфурт брои околу 4 илјади вработени.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе