Претседателот на судскиот совет тврди дека гласал против

Караџовски: Нема скандал во одлуките за додатоци на плата за членовите на Судскиот совет

Зоран Караџовски, рече дека минатогодишната одлука на Судскиот-буџетски совет за исплата на додатоци на плата за членовите на Советот до 35% воопшто не е скандалозна, туку законска, иако тој самиот гласал против, пренесе Макфакс. 

Караџоски рече: „Ретроактивно дејство има како за судиите, така и за членовите на Судскиот совет. Ставот мој и законската регулатива за членовите на Судскиот совет и во претходниот состав и за новите членови е јасна и недвосмислена. Според нас, тука нема никаков скандал затоа што законската основа стои во членот 2 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет. Има соодветен правилник изготвен во 2016 и 2017 година за платите на судиите. Значи ова право за надоместоци и додатоци го имаат членовите на Судскиот совет пред да го имаат судиите".

Караџовски рече дека членовите на Судскиот совет се на исто рамниште со судиите и дека додека е тој претседател неговите колеги во Советот нема да земаат додаток на плата доколку судиите не го земаат истиот додаток.

Претседателот на Судскиот совет рече дека пред Нова година стигнало барањето од Основото јавно обвинителство кое по допрен глас го истражува минатогодишното изгласување на додатоците на плата за членовите на Судскиот совет.

„Тоа што го побарало или ќе го побара кое било јавно обвинителство во соодветен рок ќе биде предадено. Не е предадено. Пред Нова година дојде барањето. Рокот е 30 дена. Нема да го чекаме триесеттиот ден", рече Караџовски. Mинистерката за правда го оцени изгласувањето на додатоците на плата за членовите на Судскиот совет како скандалозно.

Караџовски пред новинарите кажа дека гласал против одлуката за додатоци до 35% поради тоа што не биле донесени измените во Законот за судската служба и поради фактот што во 2016 имало штрајк на судската администрација бидејќи само за нив немало додатоци на плата, како што тоа го има за судиите и обвинителите: „Јас гласав против на таа седница со соодветно образложение и формално-правно и во врска со судството и во врска со односите судии – судска служба, пошироко беше моето образложение зошто гласав против".

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе