Сообраќајка на регионалниот пат Скопје– Велес

Камион се заби во автобус на ЈСП, повредени пет лица (ФОТО+ВИДЕО)

Камион со струмички регистерски ознаки удри дирекно во автобус на Јавното сообраќјано претпријатие Скопје со број 52. На снимката до која дојде МКД.мк се гледа како автобусот застанува на автобуска постројка кај населбата Дрма и во еден момент товарно моторно возило "Застава" со голема брзина удира во автобусот.

Според увидот и записникот на внатрешната контрола, автобусот застанал на утврдена постојка на трасата, отворил врати да се симнат патници и во тој момент, од позади, во него се удрило товарното возило.

При незгодата, повредени биле петмина, возачот на автобусот и четворица патници. Едниот од патниците, во моментот на ударот, се симнувал на постојката, по што паднал во канал.

Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во болница. Според внатрешната контрола на ЈСП, возачот на товарното возило го управувал возилото без соодветна возачка дозвола, а возилото не било регистрирано од 2012 година.

Увид е направен и од страна на МВР од каде информираат дека со телесни повреди се здобиле пет лица. 

 

„Вчера околу 12,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје– Велес кај населбата Дрма се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило "Застава" со струмички регистарски ознаки управувано од А.Р.(27) од Струмица и автобус "Јутонг" со скопски регистарски ознаки управувано од И.Ц.(28) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и патниците во автобусот Ф.Ц.(29), К.Т.(36) и П.А.(18) сите од Скопје по што со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница "Свети Наум Охридски" за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштуваа од МВР. 

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе