Пред еден месец на рочиштето за „Тортура“ во кое беше сведок

Камчев пред „Ла верита“ да објави снимки му порача на СЈО дека не е забрането да се збори на мобилен за криминал

Еден месец пред „Ла верита“ да почне да ги објавува снимките за случајот „Рекет“, бизнисменот Орце Камчев му порача јавно на обвинител од СЈО дека не е забрането да се зборувало на мобилен телефон за криминал. Ова се случи на рочиштето за „Тортура“ каде Камчев во судница се појави како сведок. Сведочењето беше проследено со опомени и иронија од сведокот кон обвинителот на СЈО, а во многу наврати Камчев на обвинителот на СЈО, Љубомир Лапе наместо со одговори, на прашањата му одговараше со прашања. 

Како сведок во постапката Камчев на 5 јули годинава дојде на судењето за „Тортура" и прво беше прашан од обвинителот Лапе како е.

На ова доби одговор: „Одличен, како сте вие?". По ова обвинителот на СЈО продолжи со други прашања на што доби опомена од Камчев: „Полека Лапе, каде брзаш?".

Во врска со тоа што знае за настанот со апсењето на Бошкоски и дали зборувал на мобилен со некого за тоа, Камчев рече дека не било забрането да се зборува за криминал.

„Секој ден 100 пати со 100 луѓе зборувам на мобилен и сигурен сум дека сите зборувале за тоа, бидејќи беше многу интересен предмет. Не е забрането да се збори за криминал", рече Камчев како сведок пред судот.

За волја на вистината, Камчев по завршување на прашањата на СЈО, тргна да си оди од судница, иако ниту судот му дозволи, ниту пак му беше кажано дека сите кои имаат право, завршиле со прашањата кон него. 

Но, судијката го врати назад, па откако му укажа дека нема повеќе прашања за него како сведок, го ослободи да си оди. 

Во судница го чекаше новинарката Оливера Трајковска која пред него беше сведок во истата постапка. Од Основниот кривичен суд во Скопје излегоа заедно, а пред влезот каде ги чекаа медиумите, се прегрнаа и позираа заедно со насмевка пред камерите. 

Истрагата за „Рекет“ сега е во тек. И додека јавноста ја брануваат снимки, обвинителката Вилма Русковска е на одмора, а во притвор за сега се Боки 13 и Зоки Кичеец. 

К.Д.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе