Осомничениот во „Империја“ ја напушти државава

Камчев доби времен пасош, го искористи да отпатува на првенството во Келн

Македонскиот бизнисмен Орце Камчев осомничен за случајот „Империја" доби времен пасош и со него замина за Келн каде беше виден на европското првенство. Од Основниот суд Скопје 1 потврдија дека за Камчев во моментов има само мерки на претпазливост, и дека му била дадена дозвола за издавање на пасош.

Од СЈО пак, велат дека до нив бил испратен предлог за издавање на времен пасош на Камчев и дека тие дале позитивно мислење. Од таму дополнуваат дека, по ова не биде известени од судот дали му е издаден пасош и дека од медиумите дознале дека осомничениот во „Империја" е надвор од државата.
„На 2 мај до СЈО е стасан предлог за дозвола за издавање на времен пасош и од кај нас е даден позитивен одговор. Судот по ова не достави известување до нас дали му е издаден пасошот", велат за МКД.мк од СЈО.

Од Основниот суд Скопје 1 на прашањето под кои околности на Камчев му е издаден овој пасош, ни одговорија дека судијата на претходна постапка кој го издал решението е на одмор и дека не можат да знаат како е издадена дозволата за времен пасош.

На 4 март со одлука на Врховниот суд од куќен притвор беа пуштени Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во големата истрага на СЈО „Империја".

Пасошите на Камчев, Јосифовиќ и Панделески се во Основниот суд Скопје 1 и тие засега остануваат како мерки за обезбедување присуство.

Покрај овие четворица, во „Империја" осомничени се и мајката на Орце, Ратка Куноска-Камчева, неговата сестра Кристина Камчева-Стојческа, Владислав Стајковиќ, Зорица Арсовска, Јованче Тасковски, Дејан Јанев, Лилјана Гајдовска, Тодор Мирчевски и Ванче Мијалчев.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе