За набавката на луксузниот мерцедес

Кацарска му даде уште една шанса на Урко, да сведочи на „Тенк“ в среда

Дејан Митревски Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, не одговорил на телефонските повици на одбраната и не се појави на денешното рочиште за случајот „Тенк“. Судијката Добрила Кацарска им даде можност на адвокатите да го побараат Урко телефонски, но адвокатката Сања Алексиќ пред судот извести дека не успеале да го исконтактираат и побара да се обидат да стапат во контакт за наредното судење.

Кацарска даде можност и за другиот сведок, Зоран Василевски, кој е предложен, а кој е на службен пат.

Следното судење за случајот „Тенк“ е закажано за 25 април. На денешното судење како сведоци на предлог на одбраната во судница се појавија поранешни членови на обезбедувањето на Груевски.

Во случајот покрај Груевски обвинет е и поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски.

На обвинителната клупа со нив претходно седеше и Гордана Јанкуловска, но поради ризична бременост судот ја раздвои постапката за неа.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе