Демант

ЈП „Македонски шуми“: Сечата во струшкото село Октиси е легална

ЈП „Национални шуми"-Скопје информира дека се работи за легална сеча во шумско стопанска единица „Јабланица-Кафасан", за кој ПШС „Јабланица" - Струга, постапува според посебниот план за стопанисување со шуми и решението од инспектор по шумарство при Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Од ЈП „Национални шуми“ излегоа со образложение кон објавата во порталот МКД.мк, со наслов „Жителите на струшкото село Октиси најавуваат протести доколку “Национални шуми” не престанат со нелегалната сеча” објавенa денеска, во коja се дадени образложенијата на локалните жители за евентуална еколошка катастрофа доколку не се престане со сеча во шумско стопанска единица „Јабланица – Кафасан”.

Во врска со овaa објавa ЈП „Национални шуми” - Скопје, информира дека се работи за легална сеча во шумско стопанска единица „Јабланица Кафасан” , за кој ЈП ”Национални шуми”, ПШС „Јабланица”-Струга, постапува според посебниот план за стопанисување со шуми и решението од инспектор по шумарство при Државниот инспекторат за шумарство и ловство, кое е во прилог на образложението.

Согласно ова решение, „Национални шуми“, „Јабланица“ се задолжени со записник да извршат просветлување на шумско-камионски пат низ одделите 74а, 72а,72б,74б согласно одредбите од член 100 од Законот за шуми. Низ гореспоменатите оддели од шумско стопанска единица „Јабланица Кафасан”, поминува шумско-камионски пат кој ПШС „Јабланица“ го користи за извршување на своите активности.

Во прилог го доставуваме решението од инспектор по шумарство кое во дописот до медиумите образложение-демант на објавата со наслов „Масакр врз шумите на Македонија за време на полициски час” објавен 8 јуни беше доставено. 

 

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе