По денешното приведување

Јовановски и Милевски на распит во Кривичниот суд

Во Кривичниот суд вечерва на распит е доведен Бојан Јовановски, откако пред неколку часа таму беше спроведен и Зоран Милевски. Судот треба да донесе одлука дали ќе им одреди притвор како што тоа го побара Јавното обвинителството кое отвори истрага против Јовановски и Милевски, како првоосомничен и второосомничен за изнудување пари.

Обвинителството по собрани вербални и материјални докази ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание", а првоосомничениот и за „перење пари и други приноси од казниво дело".

На прес-конференцијата на која обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска го образложи случајот и доказите со кои денеска се отвора истрагата, не беа соопштени идентитетите на осомничените, заради почитување пресумпција на невиност, ниту пак, идентитетот на обвинителот врз кој двајцата приведени имале влијание.

Некои медиуми објавија дека вечерва е вршен претрес во семејниот дом на Бојан Јовановски (Боки 13), кој е сопственик на 1ТВ. Тој денеска бил приведен на ГП „Богородица" на излез од државата. Второосомничениот Зоран Милевски (Кичеец), бизнисмен, денеска бил приведен во скопски ресторан.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе