Јончев: Над 200.000 Македонци чекаат бугарски пасоши

Над 200 илјади Македонци чекаат бугарски пасоши, оценува претседателот на парламентарната комисија за Бугарите во странство Румен Јончев. Пратениците во специјалната комисија ги разгледаа мерките, со кои ќе ја прецизираат постапката за признавање на бугарскиот корен на луѓето кои живеат надвот од границите на оваа земја, пишува бугарскиот портал „segabg.com“.

Во текстот стои: „Особено проблематично во последните 2 години е издавањето на сертификати за потекло поради, како што вели, конфликтот меѓу Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ) и Советот за државјанство во Министерството за правда. Причината е во откритијата кон крајот на 2014 година, дека агенцијата има издадено голем број на такви документи на странци, без да побара од нив соодветни докази дека имаат бугарско педигре“.

Румен Јончев соопштил дека очекува министерот да се појави на неговата комисија следната недела, за да размислат заедно за мерките по прашањето. Инаку пратеникот ќе поднесе амандмани на законот за Бугарите што живеат надвор од земјата, со кои ќе им се овозможат сертификати за потекло да се издаваат и врз основа на нотарски заверена изјава која ќе ги содржи околностите со кои се докажува бугарскиот корен. 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе