„Титаник“

Јанкулоска и Протоѓер: Мора да ги тужиме новинарите, не можеме да се бориме со А1

Разговори меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер се слушаат во судницата во Кривичниот суд во Скопје.

Во еден од разговорите меѓу Јанкулоска и Протоѓер се слуша како зборуваат за аферата „Списоци” на А1 Телевизија, кога новинарите открија дека секој вработен во државна администрација треба да предложи по 15 гласачи.

„Имаше сега на телевизија, ги наместија убаво. Им се јавуваат на тие од списоците и ги прашуваат дали ќе гласате за ВМРО-ДПМНЕ, а они „да да“ ќе гласаме. Едни викаат ќе ми ја вработат снаата, другата и средиле за инвитро и така, му вели Јанкулоска на Протоѓер.

Потоа Јанкулоска му предлага на Протоѓер дека треба да смислат добра одбрана, ама дека не можеле да им наштетат. Јанкулоска дури коментира како граѓаните не успеале да ги препознаат гласовите на новинарките, па вели: Тоа е, прост народ! Но наредниот ден Јанкулоска и Протоѓер се загрижени за тоа што предизвикала новинарската сторија, па заклучуваат дека треба да ги тужат новинарките.

„Нема начин како да се бориме против овие А1, Време и Шпиц. Мора да ги тужиме, вели Протоѓер на Јанкулоска, а Јанкулоска му сугерира да ја тужат новинарката Сашка Цветковска за лажно претставување.

На аудио снимките се слуша како тие разговараат за гласачите од дијаспората и колку се официјално пријавени во ДИК, како и за потенцијалните кандидати на изборите кои би можеле и би имале најдобри шанси да бидат на листата во изборните единции.

По неколку слушнати разговори, Јанакиески реагираше до судот дека фали разговор меѓу него и Илија Димовски.

„Од наводните снимки кои СЈО вели дека се разговори меѓу мене и Протоѓер, кажувам дека ќе се слушнам со Илија Димовски. Следниот пуштен разговор е 10 минути подоцна со Протоѓер каде јас го раскажувам разговорот со Илија. Ова е доказ дека не се сите разговори доставени и дека треба да се потврди автентичноста, рече Јанакиески.

Адвокатот на одбраната Петар Василев побара обвинителот да каже на која основа се репродуцираат доказите, бидејќи, од разговорите досега може да се чуе само за организациските способности на една партија за политичка кампања и ништо за кривичното дело.

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе