Специјалната обвинителка без информации

Јанева не може да гарантира дали бомбите на Ел Чека се излезени од СЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека дала налог да се истражат „бомбите" што беа објавени деновиве на Фејбук профилотот на Ел Чека, просочувајќи дека нема информации од каде се обезбедени. Додаде дека не може да гарантира дали бомбите се од СЈО затоа што во овој момент, како што рече, тоа се истражува.. 

Дадов налог да се истражат „бомбите" и по хард дискот да се утврди времетраењето, па да се идентификува со тие разговори, рече Јанева пред Петтата сесија на работната група 3 од Правосудство и основни права – Поглавје 23 од Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија што се одржува во Клубот на пратениците.

Јанева истакна дека информатичарите ги анализираат „бомбите" од кои поголем дел се на албански јазик и треба да се преведат.

На прашање дали се работи за истите „бомби" шти ги поседува СЈО, Јанева рече дека дел од нив ги има. 

За разлика од сега, кога Јанева вели дека не знае од каде се овие разговори и дали се од СЈО, претходно кога се појавија „бомби“ од анонимен профил под псевдоним „Илија Громовник“, од СЈО за МКД.мк беа категорични, дека разговорите се на безбедно и нема можност да се изнесат од објектот.  

„„Бомбите" кои на Специјалното јавно обвинителство му ги предаде СДСМ се на безбедно и не постои можност, ниту шанса некој да ги изнесе од објектот на СЈО, а уште помалку од нив да се направи копија“, беше официјалниот и категоричен став на СЈО по новите прислушувани разговори кои се појавија на интернет кои беа објавени се на руската социјална мрежа „ВКонтакте" на анонимен профил под псевдоним „Илија Громовник".

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе