По турбулентните случувања со „Рекет“

Јанева најверојатно ќе оди на боледување, потписници од СЈО ќе бидат Јосифовска и Ристовска

Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева од денес најверојатно ќе отвори боледување, дознава неофицијално МКД.мк. Обвинителката Јанева неколку дена не оди на работи и некој од СЈО не се чул, ниту контактирал со неа откако и беше одземен мобилниот телефон пред неколку дена. Обвинителката Лиле Стефанова завчера во изјава за медиумите рече дека Јанева ги потпишува сите документи кои излегуваат од СЈО, но таа сега не оди на работа.

Од СЈО ни одговорија дека формално-правно овластени сега да ги потпишуваат документите во периодот која Јанева е отсутна се обвинителките Ленче Ристовска и Елизабета Јосифовска.

За сега официјален документ за отсуството на Јанева од СЈО нема.

Јанева, која беше на чело на СЈО од септември 2015., се повлече од функцијата два месеци пред истекот на мандатот, кој и завршува на 15 септември. Таа во речиси сите јавни настапи досега велеше дека нема намера да се повлече од функцијата се до завршувањето на мандатот, а најавуваше и дека планира повторно да се кандидира.

К.Д.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе