Специјалната обвинителка се појави пред јавноста

Јанева: Најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно не сум ја злоупотребила положбата во СЈО

Специјалната обвинителка, Катица Јанева денес по една недела од случувањата за „Рекет" даде изјава пред јавност во која се извини зошто ја немало, и тврди дека не ја злоупотребила службената положба и овластување.

Јанева во изјавата ги охрабри надлежните органи да ја истераат постапка до крај и им порача на граѓаните да направат разлика меѓу тоа како изгледа кога си чист и како кога некој е виновен и бега од јавноста.

„Од моментот на мојот избор за јавен обвинител бев цел на дневно политичко препукувања на партиите, но не сакам да оставам погрешен впечаток. Се нафатив на функцијата и свесна сум дека ќе бидам цел на напад и деградирање. Сериозна чест е да се биде на чело на ваква институција. Го разбирам интересот на јавноста за случајот „Рекет", носител сум на јавна функција и дозволете ми да ви се извинам што подолго не излегов со свој став во јавност. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч, но решив дека е најдобро да оставам впечаток дека се мешам на било кој начин во истрагата. За „Рекет" најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно ,ниту со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила службената положба. Јавно охрабрувам да се истера до крај оваа постапка", изјави Јанева.

Специјалната обвинителка посочи дека се познава со Бојан Јовановски и дека не криела дека нејзиниот син работи во СЈО, но ова не значи дека се преземени било какви кривични дејствија.

„За жал подолг временски период до мене допираат гласови дека не само Бојан, туку и многу други го злоупотребуваат моето име. Ја депонирав мојата оставка и со мојот чекор сакам да бидам пример за сите останати и со тоа покажувам висока професионална свест и потврдувам дека нема со никаков начин да влијаат на случајот „Рекет". Граѓаните да направат разлика што значи да си свесен дека си чист и кога некој бега од јавноста. СЈО е поголемо и позначајно од мојата функција и ќе остане симбол на беспоштедна битна, и оставам во наследство 10 тина затворени истраги и спремни за процесирање, додаде Јанева.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе