И официјално

Јанева на боледување, дијагнозата тајна

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева е на боледување. Според официјални информации потврдени од СЈО, Јанева боледувањето го отворила на 16 јули, 2019, односно ден откако ја поднесе оставката. Дијагнозата поради која Јанева го отворила боледувањето е тајна, а не се знае ниту до кога завршува, односно местото за датум до кога е на боледување е отворено. 

Обвинителката Јанева неколку дена не оди на работи и некој од СЈО не се чул, ниту контактирал со неа откако и беше одземен мобилниот телефон пред неколку дена.

Обвинителката Лиле Стефанова завчера во изјава за медиумите рече дека Јанева ги потпишува сите документи кои излегуваат од СЈО, но таа сега не оди на работа.

Од СЈО денес ни одговорија дека формално-правно овластени сега да ги потпишуваат документите во периодот која Јанева е отсутна се обвинителките Ленче Ристовска и Елизабета Јосифовска.

Јанева, која беше на чело на СЈО од септември 2015., се повлече од функцијата два месеци пред истекот на мандатот, кој и завршува на 15 септември. Таа во речиси сите јавни настапи досега велеше дека нема намера да се повлече од функцијата се до завршувањето на мандатот, а најавуваше и дека планира повторно да се кандидира.

 К.Д.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе