Шефицата пред шест месеци тврдеше дека не погрешила

Јанева меѓу првите обвинители во тимот на СЈО ја избрала Стефанова оти и верувала

Пред околу половина година специјалната обвинителката, Катица Јанева беше гостинка во емисијата „Правда и неправда" на „1ТВ" каде рече дека од денот на формирањето на СЈО, па до тогаш се повеќе се потврдува нејзината теза дека во својот тим избрала обвинители кои се доследни и кои со својата работа и професионализам заслужено се нашле во СЈО. Јанева ова го нагласи откако специјалната обвинителка Лиле Стефанова прашана за тоа како се носи со фактот што во јавноста се зборувало дека работела по налог на претходната власт, одговори дека сите тие критики и сомневања не само што не постојат, туку се и надминати.

„Обвинителката Стефанова од моментот кога стана специјален јавен обвинител, таа беше меѓу првите кои беа повикани да работат во тимот. Мојата доверба кон неа е иста како и првиот ден, а највеќе заради тоа што се работи за искусен професионалец. Не згрешив во изборот на обвинителите, и со секој ден сум се повеќе сум уверена дека сум направила вистински избор со сите обвинители", изјави тогаш специјалната обвинителка Јанева.

Шефицата на СЈО додаде дека кога обвинителите на СЈО не се појавуваат во јавноста, не даваат изјави и кога, како што вели, молчат значи дека работат на некои предмети кои наскоро би биле објавени.

Но, по случувањата во јавноста, обвинителката Ленче Ристовска во изјава пред медиумите ја изостави Јанева и не ја спомена ниту еднаш. 

Јанева во гостувањето зборуваше и за намалената доверба на СЈО во јавноста, за што посочи дека не знае зошто е тоа така и дека е тоа моментална состојба која може да биде поништена.

Јанева тогаш зборуваше и на други теми, но со оглед на она што деновиве е актуелно, а се однесува на спротивставените ставови помеѓу неа и обвинителката Стефанова за потпишување на решенија и носење одлуки за случајот „Империја“, оваа изјава е мало потсетување на она што шефицата го зборувала пред околу половина година. 

Специјалната обвинителка Стефанова деновиве е актуелна откако беа објавени снимките во „Ла верита“.

Стефанова беше спомената во снимените разговори што ги објавува интернет изданието на италијанскиот весник „Ла верита", но таа го отфрли како невистинито искажаното од Јордан Камчев дека преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец му барала дуќан за стоматолошка ординација.

Повикана е на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“, а во врска со „Империја“ Стефанова е цврста во ставот дека има докази и ќе продолжи за го застапува овој предмет. 

К.Д.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе