Од денеска

Иванов на работна посета на САД

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Од неговиот кабинет соопштуваат дека Иванов на 27 септември ќе има обраќање на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН предвидено е претседателот Иванов да се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Предвидено е претседателот Иванов да присуствува на настанот на високо ниво -Глобален повик за акција за светскиот проблем со дрогата, со кој ќе претседаваат претседателот на САД, Доналд Трамп и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Македонскиот претседател ќе присуствува и на Мировниот самит Нелсон Мандела 2018, пленарен состанок на високо ниво посветен на глобалниот мир, а по повод 100-годишнината од раѓањето на поранешниот јужноафрикански лидер. 

Претседателот Иванов во Њу Џерси ќе се сретне со претставници на македонската заедница.

Во рамки на работната посета на САД, на претседателот Иванов во Детроит ќе му биде врачена наградата Глобален државник, највисоко признание што го доделува Обединетата Македонска Дијаспора. Во Детроит претседателот Иванов ќе одржи предавање на Државниот универзитет Вејн, во чии рамки е Мајк Илич школата за бизнис, и ќе оствари средба со македонската црковна заедница во Детроит.

Претседателот Иванов за време на работната посета на САД ќе биде придружуван од сопругата, Маја Иванова. Иванова ќе присуствува на настанот со првите дами учеснички на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации во организација на првата дама на САД, Меланија Трамп, како и на настан на високо ниво кој го приредува првата дама на Република Турција, Емине Ердоган. Во Детроит, Иванова ќе ја посети Детската болница на Мичиген.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе