Поранешниот претседател обвинува за манипулација

Иванов ѝ одговори на Антикорупциската комисија: Закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако Антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни простории. Иванов тврди дека претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, манипулира со јавноста бидејќи, како што вели, просторот се изнајмува за 1.950 евра месечно, а не за 4.500 евра.

„Договорот што го склучи Службата за општи и заеднички работи со наша согласност следи врз основа на законот. Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели. Очигледно е дека личниот анимозитет и политичките ставови се единствената причина за континуираниот обид за нанесување штета на угледот на поранешниот претседател Иванов“, пишува тој на социјалните мрежи.

Поранешниот претседател Иванов ја повика антикорупциската комисија да се произнесе за неговата имотна состојба и становите што се споменуваа во јавноста.

„Бидејќи манифестира 'ефикасност и транспарентност', доволно ѝ беа пет месеци за да ја утврди имотната состојба на поранешниот претседател Иванов и да ја изнесе вистината пред македонската јавност. Ивановска треба да констатира дека поранешниот претседател Иванов има само еден стан, за којшто има подигнато кредит, а не повеќе станови, како што таа претходно манипулираше со јавноста. За таа цел, поранешниот претседател Иванов ѝ ги достави сите сметки и уплати за единствениот стан, а воедно, се откажа и од тајноста на банкарските сметки“, додава Иванов.

Државната комисија за спречување на корупцијата претходно информираше дека ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, кои ги доби по истекот на мандатот.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе