Уште нема меѓународна потерница за 27 април за експремиерот

Интерпол не го бара, Рускоска не го очекува скоро, Спасовски оптимист, а Груевски го нема да дојде

За едни бегалец од правдата, за други азилант, едни не го очекуваат скоро во Македонија, а други се надеваат дека тој ќе биде донесен во државава. Иако се чини дека името на поранешниот премиер Никола Груевски е актуелно во јавноста, се поизвесно е дека тој скоро нема да ја премине границата и да се врати назад во Македонија каде го очекува една изречена затворска казна, неколку судски постапки и една истрага за нарачка на упадот во Собранието. 

„МВР неколкупати контактира и поднесува документи и преку своите кадри и преку Министерството за правда за распишување меѓународна потерница по поранешниот премиер Никола Груевски. Документите за распишување на потерницата по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекуваме потерницата да биде објавена", изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на Твининг проект за усогласувањње на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управувањ

Интерпол, вели Спасовски, се уште врши некакви испитувања. Тој смета дека потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена. Нагласи дека потерницата со сите потребни документации и без никаков недостаток е доставена до Интерпол.

Спасовски е уверен дека нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол, особено за вакви кривични дела и очекува дека врвот на Интерпол ќе донесе таква одлука. 

Пред неколку дена шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска откри дека Интерпол не ја објавил меѓународната потерница за Груевски, а покрај тоа што сите потребни документи биле доставени. 

„Интерпол не сака да ја објави потерницата за Никола Груевски. Од наша страна е поднесена целосната документација, исто така и барањето, но потерница нема објавено, односно Интерпол одбива да ја објави. Образложение за тоа до нас нема, иако нашето барање е испратено пред повеќе од два месеца", изјави Рускоска.

Претходно, на новинарско прашање дали го очекува Груевски наскоро во Македонија, Рускоска одговори дека не очекува тој скоро да биде донесен. 

Рускоска води истрага на нарачателите на упадот во Собранието и најави дека наскоро ќе има и обвинение во кое ќе биде опфатен и Груевски. Но, се чини дека и овој процес ќе почне без него. 

Од МВР детали околу тоа зошто Интепол одбива да ја објави потерницата за Груевски нема. Се додека не биде објавена потерницата од Интерпол, Груевски се бара само во Македонија и покрај тоа што се знае дека тој има политички азил во Унгарија. 

Додека институциите си ја префрлаат топката за потерницата, и додека институциите го чекаат за да се соочи со кривична одговорност,  Груевски во меѓувреме објави и книга „Искуства за иднината“.

К.Д

 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе