Инцидент на Водици во Штип, му го земаа крстот на момчето што го фати (ФОТО)

Инцидент се случи на централната свеченост за празникот Водици на Камениот мост на реката Брегалница во Штип. Група штипјани кои скокаа во Брегалница по Светиот крст кој беше фрлен во реката, од раце му го земаа крстот на момчето кој го фати и одбиваа да му го вратат.

За да се смири тензијата, свештениците на крајот одлучија на најсреќниот да му ги доделат наградите кој му следуваат од црквата, ама не дадоа благослов крстот да биде носен по штипските домови.

Бидејќи настана еден немил настан, затоа предложивме се додека се смират луѓето оваа година крстот да остане во црквата, а догодина ако се средат работите, како и годините наназад, крстот повторно ќе биде низ градот. Бидејќи крстот ќе биде во црквата, сите верници кои сакаат ќе можат да дојдат и да се поклонат во црквата и да го целиваат крстот во соборната црква „Свети Никола", изјави г. Иларион.

ФОТО: Метомакс

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе