Делница 5

Илјадници кубици дрва се веќе исечени за гасоводот кон Тетово и Гостивар

Скопјани, љубители на Водно и натаму ја водат битката против изградбата на гасоводот од Сопиште до Матка (11 километри), по сртот на планината и се надеваат дека ќе успеат да ги заштитат природата и луѓето. Паралелно со ова, некако позади завесата, изведувачот на овој гасовод, кумановската фирма „Рапид билд", продолжува да го гради магистралниот гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар без никакви проблеми. Илјадници кубици дрва се веќе исечени.

Од она што може да се види од Гугл мапс, станува збор за навистина огромна операција која се изведува без никаков увид на јавноста и без реакции на локалните еколошки друштва. Ако на Водно се водат жестоки расправии за тоа колкава треба да биде ширината на трасата што треба да се чисти по сртот на планината, 10 или 25 метри, трасата кон Гостивар веќе е ископана во ширина од повеќе од 40 метри. Сликите направени од Гугл мапс навистина покажуваат огромни градежни активности кои веќе се завршени и за огромните штети направени по околината.

Целиот овој проект уште од самиот почеток (2010 година) е пропратен со низа недоследности во проектирањето и изведувањето на гасоводот. Уште со самата „Студија за оцена на влијанието врз животната средина на проектот Национален гасификационен систем Делница 5 Скопје - Гостивар - Кичево“, изведена од „Технолаб“, направени се низа пропусти во однос на почитувањето на правилата за заштита на животната средина. Меѓу другото, како еден од авторите на оваа студија, како соработник наведен е и биологот Бранко Мицевски. Тој во изјава за Радио МОФ вели дека за ова воопшто не бил консултиран, ниту пак имал некаков договор за учество во студијата.

„Воопшто не сум бил вклучен! Ниту ме контактирале, ниту имале право да го стават моето име во листата. Со ‘Технолаб’ сум немал никаков контакт. Ова е веќе легален проблем“, вели професорот од Природно-математичкиот факултет.

Граѓанските активисти укажуваат и на бројни други пропусти во планирањето и реализацијата на овој проект, за кој и претходната и актуелната власт немаат никаков проблем во однос на спроведувањето. 

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе