Инцидент во судница

Игор Југ: Каде ви е Живаљевиќ? Осудете ме доживотно ако сакате!

„Како може како министер да не знаете дека странски шпиони се шетаат низ Собрание, а ни судите нам Македонците. Каде ви е Живаљевиќ. Каде е? Осудетеме доживотно ако сакате. Ич не ми е гајле", викаше во судницата oбвинетиот за насилствата во Собранието на 27 април, Игор Југ.

Toj за момент го прекина судењето откако судијката Добрила Кацарска кажа дека не дозволува да му се постави прашање на сведокот Нухиу. Лут и незадоволен од одговорите на заменик министерот за внатрешни работи Агим Нихиу, Игор Југ вербално го нападна Нухиу и на судијаката и порача ако сака може да го осуди и на сто години затвор, По опомена на судот дека ќе биде отстранет од судница, тргна сам да си оди од судењето.

„Ајде. Отсранете ме од судинца. Судите 33 Македонци, а каде е српскиот шпион Живављевиќ“ викаше обвнетиот Игор Југ.

Југ се налути и претходно кога судот по приговор на обвинителството не му дозволи на Нухиу да одговори на прашањето на Југ, дали Нухиу после случувањата во Собранието ги прегледал снимките од надзорните камери.

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу веќе четири часа сведочи за тоа што знае за случувањата на 27 април 2017 година.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе