Хафингтон пост: магичен верски објект

И животните вљубени во црквата „Св. Никола“ во Маврово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Една од најмистичните цркви во земјава постојано воодушевува со својот изглед, како и со борбата за опстанок. „Св. Никола“, која се наоѓа во самото Мавровско Езеро, постојано предизвикува воздишки кај сите што ќе ги наведе патот накај Маврово. Неодамна, и престижниот портал Хафингтон пост ја смести оваа црква на листата на најмагичните верски објекти во светот. 

 

За црквата, која беше потопена во 1952 година, беше презентиран и проект за заживување, обнова и заштита.

Пред да биде потопена, вредниот иконостас и другите предмети од црквата беа спасени и конзервирани. Изградена е во 1850 година и конципирана како трикоробна црква со петстрана апсида, кула камбанарија и иконостас изработен од Дичо Зограф, прочуен мајстор-зограф од реканскиот крај.

Она што посебно воодушевува е што останатите градби, кои се наоѓале околу објектот, одамна се срушени. Само „Св. Никола“ сè уште ѝ пркоси на водата.

Оние денови, кога водата од езерото е повлечена, верниците можат и да ѝ се доближат.

Сепак, луѓето не се единствените суштества што уживаат да бидат во присуство на овој интересен објект. Неретко, тоа го прават и животните. 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе