Министерството прзема мерки за заштита

И Спасовски ги потврди заканите по живот за возачот на автобусот кај Ласкарци

Возачот на автобусот кој пред две недели се преврте на патот Скопје-Тетово при што загинаа 14 лица, а 37 беа повредени, добива закани по неговиот живот, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за негова заштита како дел од постапката, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ваква изјава претходно даде и државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески. 

Тој очекува Јавното обвинителство за многу кратко време да каже конкретна причина за несреќата за што се прибрани многу материјали, а се при крај вештачењата.

„Уште работиме во однос на случајот по наредбите што ги добиваме од Јавното обвинителство. Многу материјали се прибрани, вештачењата се при крај и очекувам дека ЈО за многу кратко време ќе излезе со конкретна причина во однос на случувања. Точно е дека возачот има закани по неговиот живот. Има закани и заради тоа преземаме мерки за негова заштита бидејќи и тоа е дел од таа постапка. Важно е да ги заштитиме сите“, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот „Безбедни семејни паркинг зони".

За несреќата што се случи на 13 февруари, Обвинителството најави одлука по обезбедување на сите докази, целокупната релевантна документација, обдукциските протоколи, медицинската документација за повредите на другите патници, извештаите за наредените вештачења, испитувањето на возачот, на патниците во автобусот и на очевидци на настанот.

По наредба на обвинителството детално техничко вештачење на автобусот врши Машинскиот факултет во Скопје, а вешт наод и мислење треба да обезеди и Бирото за судски вештачења. Од компанијата „Дурмо турс" сопственик на автобусот е побарана целосна документација за дозволите кои ги поседува за јавен превоз, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот, како и податоци за работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе