ГУЖВА ВО АПЕЛАЦИСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ

И шефот на кабинетот на Мијалков тврди дека нема да бега, СЈО бара притвор

И Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, обвинет во случајот “Тврдина” и Таргет” на Специјалното јавно обвинителство, се појави во Апелацискиот суд во Скопје. Тој пред судиите тврдеше дека нема вина за тоа што е обвинет и нема да бега, а СЈО побара притвор. 

Јакимовски денеска дојде на јавна седница која се одржа по поднесената жалба на СЈО да му се одреди мерка притвор, бидејќи претходно Кривичниот суд одлучи само да му се одземе пасошот, а истовремено на располагање му го остави дипломатскиот пасош. Со овој пасош Јакимовски постојано патува надвор од Македонија бидејќи е генерален директор на Меѓународниот центар СЕЛЕК, чие што седиште е во Букурешт, Романија, меѓутоа, застапува 12 европски држави.

“Не се чувствувам виновен и нема зошто да бегам. Речиси година ипол додека траат истражните дејствија на  СЈО секогаш сум се јавувал на нивно барање”, рече Јакимовски. Тој, според неговиот адвокат, за да се појави на суд синоќа специјално пристигнал од Америка, а за денеска откажал состанок.

Обвинителите од СЈО пак, истакнаа дека бараат на Јакимовски да му се одреди притвор бидејќи можел да избега, но и да влијае врз сведоци. На ова Јакимовски реплицираше дека веќе три години не работи во УБК, па затоа не е во контакт со сведоците, а како што рече на минимум ги свел и контактите со поранешените колеги во Управата.

Тој додаде дека и поради семејните прилики немало ризик да бега, односно посочи дека има болна мајка од 86 години, која е речиси непокретна, а тој се грижел за неа.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе