И потопена, црквата „Свети Никола“ во Маврово ја крие својата магија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Изгрдена во 1850 година, а потопена во 1952 година (изградабата на хидро-системот Маврово) црквата „Свети Никола - Летен" и натаму го привлекува вниманието на речиси секој посетител. И кога е на суво и кога е во вода, онака речиси сосема руинирана, црквата не се дава, љубоморно ја чува својата магија и чека некој да се сети на неа и да ја заштити.

 

Мавровското Езеро деновиве е преполно со вода како никогаш досега. Од црквата над површината на езерото се гледа само паднатиот покрив и камбанаријата. Неброено пати досега црквата се потопува, а кога водата ќе се повлече останува на суво. И така сама, веќе неколку децении не се дава и одолева и на водата и на сонцето и на времето...  

Црквата се најде и на врвот на списокот на напуштени цркви во светот од „Хафингтон пост“.

Пред да биде потопена, вредниот иконостас изработен од познатиот мајстор Дичо Зограф и другите предмети од црквата беа спасени и конзервирани.

А проект за спас и за претворање на оваа магија во уште една туристичка атракција има. Студиото „Театрикс“ од Скопје уште пред четири години го презентираше идејниот проект за заживување, санација и заштита на црквата „Свети Никола" во Мавровското Езеро.

„Целта на овој идеен проект е да го заживее споменот на црквата, да ја реконструира и адаптира во современ центар за културни случувања, изложби и други настани и да даде несекојдневен белег на овој туристички регион“, рекоа уште тогаш од „Театрикс“.

Објектот треба да се санира и заштити како дел од архитектонското и културното наследство. Црквата би ја зачувала првобитната форма, би се санирале ѕидовите, како и изведба на кровна конструкција која ја задржува првобитната силуета на црквата.

Но, засега никој не пројави интерес за овој проект. А црквата очигледно има доволно време... и чека.

А.Д.

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе

Способноста за контролирање на бесот е одлика на луѓето со цврст карактер. За жал, во оваа конфузна реалност, таквите индивидуи се вистинска реткост.

повеќе