Премиерот за решението за СЈО

И мене не ми се допаѓаше Рускоска пред неколку години, ама кој ме прашува, појасни Заев

Обвинителката Вилма Рускоска ќе ги преземе тимот и постапките на Специјалното јавно обвинителство, затоа што е актуелна шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде што е во план да се интегрира и СЈО, рече денеска премиерот, Зоран Заев на прес-конференција во Владата. Тој појсни дека тој не ја предлага Рускоска за шефица на новото СЈО.

„Не ја предложив јас Рускоска за шеф, не ми се доаѓаше ни мене пред 5, 7, 9 години, но кој ме прашува мене. Обвинителите ги бира Совет на јавни обвинители. Во Обвинителството постои субординација и координација. Тоа е нормален процес. Решението што ВМРО-ДПМНЕ го бараше и написмено во овие работни групи беше да се откажеме во опстојување на самостојноста на СЈО во идниот перид, да не биде посебно одделение, туку да се припои. Го направивме тоа. Верувам дека имаме решение и дека овие денови ќе ги отвориме дебатите. Треба да и учиниме и да и помогнеме на државата и ова прашање да го тргнеме од дневниот ред“, рече Заев.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе