И Иванови пречекаа коледари и Божиќна литија

На Бадник, во пресрет на Божиќ, домот на претседателот Ѓорге Иванов, го посетија децата од Центарот за едукација на македонски фолклор „МИТЕВИ“ од Скопје, кои ја донесоа Божиќната литија и со песната „Вечниот Бог" го најавиле Христовото раѓање. 

Сопругата на претседателот, Маја Иванова, од името на семејството Иванови на сите православни христијани им посака да имаат благословена, тивка и света бадникова вечер.

Иванова, како што соопштија од претседателскиот кабинет, изјавила дека семејните вредности и традиции и оваа година традиционално ги отвориле вратите на нивниот дом.

„Среќа, радост, песна, насмевки од нашите денешни гости, денешните бадникари, кои со песната „Вечниот бог“ ни го навестија Христовото раѓање, ни го навестија раѓањето на Богомладенецот“, рекла Иванова.

 

 

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе