За постапките на СЈО

Груевски: Толку сум редовен во судот што ми доаѓа да си побарам канцеларија и плата

Толку сум редовен овде во судот што веќе ми доаѓа да си побарам канцеларија и плата овде, рече денес во изјава за медиумите поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по рочиштето за случајот „Траекторија". Груевски во судница обвини дека постапките кои СЈО ги води против него се политички и дека судот се претворил во пазар.

„Обвинението кон мене е дека сум ги поттикнал моите соработници да набават блиндирано возило, а во вториот случај да се градат патишта. Јас тоа сум го направил со цел да добијам награда, ама не парична или финансиска, туку во случајот со Мерцедесот наградата е дека сум се качил во возилото да се превезам некаде, а во случајот со патиштата политички поени", изјави Груевски.

Како што рече Груевски, судот кон обвинителите се однесувал со почит, спокојно и мирно, додека кон одбраната судот реагирал нервозно, што, според него, покажува на која страна е.

Груевски од судот побара да не се прифатат „бомбите", ниту СМС пораките, а приговараше и дека незаконски се и вештачењата. Одлуките судот ќе ги соопшти на следното рочиште закажано за 1 март. 

К.Д.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе