„Бомбите“ за „Траекторија“ пуштени во судница

Груевски со насмевка ги слушаше прислушуваните разговори во кои Јанакиески користи пцовки

Поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавни патишта, Љупчо Георгиевски денес во судница ги слушаа прислушуваните разговори кои против нив ги има СЈО во случајот „Траекторија". Во дел од „бомбите" Јанакиески користи пцовки, а Груевски со насмевка ги слушаше тие делови од прислушуваните разговори.

Во дел од разговорите има и контакти на Јанакиески го Груевски во кој двајцата зборуваат за тоа до каде е изградбата на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.

Груевски му вели на Јанакиевски дека е тоа многу битно, а Јанакиески му одговара дека прво треба да се спреми меморандум, па треба да одат за Кина.
Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова една по една ги диктираше бројките од обвинителникт акт на секоја „бомба" поединечно, а потоа тие се пуштаа во судница. На присуството на јавноста реагираше одбраната на обвинетите кои побараа од судот јавноста да не биде во судница кога ќе се слушаат овие разговори, со образложение дека го штитат јавниот интерес.

Обвинетиот Пешевски и се обрати на обвинителката Стефанова дека треба да го штити јавниот интерес и не треба овие „бомби" да ги слуша јавноста. На ова Стефанова одговори дека токму поради јавниот интерес овие докази се пуштаат на рочиште отворено за јавноста.

Во судница беа пуштени разговорите за кои адвокатите дале согласност.
Во „бомбите" кои денес се слушаа во судница најмногу зборуваше ексминистерот за транспорт и врски, Јанакиески. Тој во разговорите контактира со поранешниот амбасадор во Кина, Оливер Шамбевски кој во еден наврат го прашува: „Како сте почитуван, најпочитуван министер на целиот свет?„.
Во друг разговор Јанакиески му се обраќа на ексамбасадорот : „Оли, дали е се под контрола со кинезиве, а овој му одговара „Топ брату, топ. Одвај чекам да дојдеш„.

Во дел од „бомбите" Јанакиески зборува со женско лице и ја прашува дали освен со кинеската компанија може да склучат договор и со други фирми пред да одат во Кина. На ова добива одговор дека треба да ги праша Србите, по што и вели на соговорничката дали сака и таа да дојде со него оти таму е падни-стани работава.

По ова Јанакиески во друг разговор и вели да ја „наоружа", како што вели, за Србите за да ги испита.

Во постапката на СЈО за случајот „Траекторија" меѓу останатите докази има 315 прислушувани разговори.

 К.Д.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе