ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВО

Груевски најави изградба на три студентски домови

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека постои владин план за изградба на три студентски домови. Два од домовите ќе се градат во Скопје, на местото на поранешните бараки на домот „Медицинар“, како и во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Исто така, направени се проценки дека имало потреба да се изгради студенски дом и кај Државниот универзитет во Тетово.

„Практично излезе дека во Скопје веројатно ќе градиме два студенски дома, едниот на местото на сега веќе руинираните и затворени бараки на ’Медицинар’. Таму ќе имаме студенски дом кој ќе има капацитет за 350 до 400 места за студенти, а во неговиот состав ќе има и спортска сала за студентите, читална, библиотека итн“, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на скопско Нерези, а пренесува МИА.

Според Груевски, проектот за домот кај „Медицинар“ е готов и  се очекува во декември да излезе јавниот повик за негова градба.

„Втората локација за која немаме никакви документи, но би ги почнале подготовките брзо е  во близина на СЦ ’Борис Трајковски’ во општина Карпош, каде планираме исто така локација за околу 500 места за студенти. За ова место би требало да ги почнеме сите подготовки од правен аспект и ќе ни треба соработка и со Град Скопје и со општината“, рече Груевски.

Според  него, доколку работите се одвиваат според планираното, може да се објави повик за изградба, најдоцна до септември или октомври следната година, а изградбата би завршила кон крајот на 2017 или почетокот на 2018 година.

За студентскиот дом што ќе се гради во рамки на Државниот универзитет во Тетово, според Груевски, во тек се подготвки да се направи сериозен проект со кој ќе може да се почне процедура за наоѓање изведувач кој ќе го гради домот.

„Практично место еден се одлучивме да градиме три студенски дома од кои најбрзо ќе оди студенскиот дом што ќе биде на локацијата на ’Медицинар’ затоа што за таму имаме веќе изготвен проект. Сега се прават напори да се уфрли и спортска сала  додека за другите две локации ќе треба да направиме одрдени подготовки и затоа кај нив ќе ни треба подолго време. Но работата почнува, ветувањето е дадено, нема назад и ќе работиме на три студенски дома“, изјави Груевски.

Тој најави и дека за два до три дена ќе биде објавен  јавен повик за изведувач на реконструкцијата на Блокот А во  студенскиот дом „Гоце Делчев“. Тоа е втор блок што ќе се обновува откако претходно се заврши реконструкцијата на Блокот Б.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе